Карлсен во Вајк ан Зе ќе атакува на нов рекорд

146

Карлсен, кој првпат настапил на турнирот во 2004 година, истата година кога станал велемајстор, го држи рекордот со најмногу победи на турнирот, вкупно седум

ШАХ

Од денеска до 31 јануари во Вајк ан Зе (Холандија) ќе се одржи традиционалниот шаховски турнир, кој има 83-годишна традиција зад себе. На него ќе настапат 14 силни велемајстори (ВМ), меѓу кои и актуелниот светски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен, а победникот ќе биде познат по 13 одиграни кола.
Карлсен првпат настапил на турнирот во Вајк ан Зе во 2004 година, истата година кога станал велемајстор. Тој го држи рекордот со најмногу победи на турнирот, вкупно седум. Во 2001 година учествувале девет од најдобрите 10 играчи во светот.
Поради пандемијата на ковид-19, нема да се игра аматерскиот турнир. На главниот турнир, покрај Карлсен (2.862 рејтинг-поени), ќе играат и Фабиано Каруана (2.823), Максим Вашер-Леграв (2.784), Аниш Гири (2.764), Алиреза Фирузја (2.749), Јан-Кшиштоф Дуда (2.743), Пентала Харикришна (2.732), Радослав Војташек (2.705), Данил Дубов (2.702), Андреј Есипенко (2.686), Давид Гуијаро (2.675), Џордан ван Форест (2.671), Нилс Гранделиус (2.663) и Аријан Тари (2.618).