Иџе 16-ти на првата трка во Асен

50

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на 16-тата позиција на првата трка на патеката во Асен, Холандија во рамки на ТЦР-Европа шампионатот.

Иџе тргна од 17-тата позиција и до крајот успеа да напредува за едно место. Вториот наш возач во шампионатот, Виктор Давидовски го освои 17-тото место.

Победник на првата трка во Асен е Даниел Наѓ од Унгарија.

Втората трка се вози утре на истата патека.