Италијанката Квадарела најбрза и на најдолгата трка

27

Руската пливачка Јулија Ефимова го освои третиот медал на Европското првенство (ЕП) во Глазгов, откако триумфира во трката на 200 метри градно. За Ефтимова ова е втор златен медал на ЕП откако претходно славеше во трката на 100 метри градно (2:21,31 минути), а освои и бронза во мешаната машко-женска штафетна трка 4х100 метри. Среброто во трката на 200 метри градно го освои Шпанката Џесика Вал Монтеро, а бронзата британската пливачка Моли Реншо.

Златен медал освои и Русинката Анастасија Фесикова, на 100 метри грбно (59,19), пред Британка Џорџа Дејвис и Италијанка Карлота Зофкова.
На второ европско злато му се израдува и италијанската пливачка Симона Квадарела. Таа беше најбрза во „маратонската“ трка на 1.500 метри слободно (15:51,61 минути), а претходно победи и во трката на 800 метри.

Петтиот ден на првенството беше успешен и за британските пливачи, кои освоија два златни и два сребрени медала. Со злато се закитија Скот Данкан во трката на 200 метри слободно и во женската штафета 4х200 метри слободно, додека, пак, среброто заврши на градите на Бенџамин Прауд, на 50 метри пеперутка (победи Андриј Говоров од Украина, 22,48 секунди) и на Џорџа Дејвис во трката на 100 метри грбно. Та.Д.