Интересни трки и победи на фаворитите на тридневниот авто-самит во Кичево

138
Фото: Зоран Антоски

Во изминатите три дена автодромот во Кичево беше вистински епицентар на брзините и спретноста на најдобрите автомобилисти од земјава. Покрај вториот натпревар од шампионатот во брзински автомобилизам, се одржа и првиот натпревар во авто- слалом. На патеката во Кичево се појавија над триесет возачи од десетина клубови од земјава.

Во натпреварот во брзински автомобилизам на круг, во класа 1, Ристо Вуков од „АКК ПСС“ го освои првото место, второто му припадна на Ѓорѓи Наков од „АКК Примо АВЈ“, а како трет низ целта мина Александар Стојанов од „АКК Атоклиника“. Во оваа класа стартуваа девет автомобили додека три не ја завршија трката, поточно изминаа помалку од 15 кругови од вкупната должина на патеката.

Во класа 2 стартуваа девет возачи, а седум ја завршија трката, поточно финишираа по 20 извозени кругови. Првите три места ги освоија членовите од „АКК Рено спорт“, Мартин Делев, Давид Малинковски и Емил Нацка.

Во класа Е1-1600, првото место го освои Орхан Ахмед од „Автоклиника“, второто место му припадна на Перо Георгиевски од „Кастом Кар“, а третото место го освои Кристијан Блажевски од „Примо АВЈ“.

Во класа Е до 2 илјади кубни сантиметри на првите три места се пласираа Давид Малинковски од „Кастом Кар“, Никола Попевски „АКК Никола Карев“ и Бојан Пешов од „АКК Кастом Кар“.

Во најсилната класа Е1+2 000 бележиме само еден пласман на Екрем Мемиши од „АКК Автоклиника“.

Во слалом во класа до 1 600 сантиметри кубни стандардни возила, Горан Јовановски од „АКК Скопје“ беше првопласиран, Маја Милошевска од „АКК Никола Карев“ заврши на второто, а Игор Наумовски од „АКК Скопје“ заврши како трет.

Во класа 2 над 1 600 кубици на првите три места се пласираа Киро Ставров, Симон Христов и Александар Нацески.

Во класа 3 спортски возила, Ивица Стојковски од „АКК Скопје“ заврши на првото место, Христаки Давиткоски од „АКК Примо“ беше втор, а Златко Трајановски од „АКК Никола Карев“ заврши како трет.

Технички организатор на вториот натпревар беше„ АКК Примо Реисинг“ од Скопје. За годинешниот календар планирани се уште три трки на круг и тоа по една во Скопје, Кичево и Белград.

Фото: Зоран Антоски