Илина Арсова е првата Македонка која ги искачи седумте највисоки планински врвови

165

Илина Арсова утрото на 28 декември успеа да го искачи врвот Винсон – 4892 метри, проект на Федерацијата за планинарство на Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со тоа го комплетираше проектот Седумте врвови.

Со искачувањето на овој врв, Илина стана првата Македонка која успеа да ги искачи сите седум највисоки врвови на седумте континенти и ја вброи Македонија со свој женски претставник во светскиот планинарски предизвик.

Планината Винсон на Јужниот Пол е екстремно студена, но при искачувањето на тимот, заедно со Илина имале одлични услови, при студено време, но без ветер.