Измислено интервју на Новак Ѓоковиќ предизвика биткоин-скандал

846

Во интервју кое никогаш не се случило, Новак Ѓоковиќ, беше цитиран како промовира компјутерска-програма наречена „Биткоин ера“, пишува „Спортскида“. Најдобриот светски тенисер моментно, на тој начин се најде вмешан во скандал без негова вина.

Фиктивното интервју со Ѓоковиќ беше објавено на Интернет, вклучувајќи изјава во која Ѓоковиќ, наводно, промовира измама преку комјутерската програма „Биткоин ера“. Како што известуваат и српските медиуми измислените изјави на ѕвездата на белиот спорт влијаеле врз многумина да инвестираат во програмата.

Интернет-страницата на која било објавено измисленото интервју била создадена со единствена цел за ширење на лажната порака. Во интервјуто се тврдеше дека 17-кратниот гранслем-шампион зборувал за програмата во српско телевизиско шоу.

– Мојот главен начин за заработување на пари е новата програма за автоматско тргување со криптовалути наречена „Биткоин ера“. Тоа е најдобрата можност за стекнување богатсво во краткок период, која досега сум ја видел. Ги канам сите да ја пробаат програмата пред банките да ја заворат – се вели во измислената изјава на Ѓоковиќ.

Измамниците лажирале и фотографија на Ѓоковиќ, додавајќи ја и сликата на програмата „Биткоин ера“ на неа.

Правниот тим на Ѓоковиќ се огласи преку соопштение по појавата на информациите за фиктивното интервју.

– Текстот и обвинувањата на тема на наводната изјава на Новак за тргување со криптовалути не се вистините. Ниту еден од деталите во текстот не е точен ниту има основа во реалноста. Со цел да го спречиме понатамошното ширење на шпекулациите, случајот го презема правниот тим на Новак кој ќе се справи со него од правна гледна точка – гласи соопштението.

Новак Ѓоковиќ моментно се подготува за продолжување на тениската сезона што беше прекината поради пандемијата.