Измени за дефилето на отворањето на Игрите

32

ИОК реши да направи измени во редоследот на селекциите при парадата на отворањето на олимписките игри. Репрезентациите на идните домаќини ќе маршираат веднаш пред делегацијата на актуелниот домаќин, која традиционално ја затвора парадата на спортистите. Во Токио трите последни екипи што ќе се појават на стадионот ќе бидат САД (домаќин на ЛОИ 2028), Франција (ЛОИ 2024) и Јапонија. Олимпискиот тим за бегалци, пак, ќе се појави веднаш по Грција, која ја отвора парадата.