Изложба „85 години Попова Шапка“ во Тетово

557

Во големата сала на Државното музичко училиште (ДМУ) „Тодор Скалоски – Тетоец“ во Тетово, в понеделник, во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „85 години Попова Шапка“, по повод 85-годишнината од отворањето на првиот планинарско-скијачки дом на Попова Шапка (отворен на 11 ноември 1934 година).

Изложбата ќе содржи три поставки. На првото пано хронолошки ќе биде претставен развојот на Попова Шапка низ фотографии, текстови и оригинални материјали од тие периоди. На второто пано ќе бидат рекламните лифлети, брошури и флаери за Попова Шапка, а на третото поставката со оригинална ски и планинарска опрема низ годините.

Организатор на изложбата е планинарскиот клуб (ПК) „Љуботен“ од Тетово, најстариот во Македонија, формиран во 1925 година.