Зверев по првата победа го освои и првиот трофеј во Синсинати

93

ТЕНИС – МАСТЕРС-ТУРНИР

Александер Зверев и Барти се победници на тенискиот мастерс-турнир од серијата 1.000 во Синсинати (САД). Во финалето на турнирот, Зверев го победи Русинот Андреј Рублев, со 6-2 и 6-3 во сетови, за 59 минути.

Олимпискиот шампион Зверев ја продолжи својата серија од 11 меча без пораз, стигнувајќи до својата втора мастерс-титула сезонава, а прва на турнирот во Синсинати. Тој е првиот Германец по Борис Бекер (во 1985 година) што го освоил турнирот во Синсинати. Зверев има пет мастерс-трофеи и вкупно 17 титули во кариерата. Светскиот рекет број пет не победи на меч во шесте претходни настапи на турнирот, пишува АТП на својата интернет-страница.

– Првата победа што ја имав на овие терени беше во средата, пред четири дена, а сега ја имам првата титула тука. Ова беше неверојатна недела, многу одлични натпревари. Неверојатно е чувството во пресрет на САД опен – рече Зверев во интервјуто на теренот, пренесе АТП.

На најдобрата светска тенисерка Барти, пак, ѝ требаа 71 минута за триумф во финалето над Швајцарката Џил Тајхман (6-3, 6-1). Со освојувањето на оваа титула, Австралијката стигна до петтиот трофеј сезонава, а 13-ти во кариерата.