Елиминирана шампионката на Ју Ес Опен

101

Ју Ес Опен ќе има нова шампионка откако Слоун Стивенс беше поразена во четвртфиналето на последниот за годинава Гренд Слем.

Латвијката Анастасија Севастова (број 19) ја порази Американката со 6-2, 6-3, за да стигне за првпат до полуфинале на турнир од „големата четворка“

Така таа се одмазди за поразот од Стивенс во Њујорк, кога Американката ја победи на патот кон титулата. Претставникот на домаќините изгледаше исцрпено од високите температури, правејќи 27 неизнудени грешки.

Севастова повторно покажа неверојатна игра на сервис на нејзината противничка, откако пред дуелот имаше направено цели 23 брејка. Таа реализираше два брејка во првиот сет. Вториот дел беше понеизвесен, бидејќи Стивенс пропушти неколку шанси за 4-4. Латвијката повторно направи брејк, а потоа го реши натпреварот, користејќи ги предностите на неколку грешки на противничката.

Во битка за место во финалето, Севастова ќе игра со победничката од дуелот Серена Вилијамс – Каролина Плишкова.