Екипа на „Нова Македонија“ ќе трча на „Скопскиот маратон“

273
Антонија Поповска, Гоце Цветаноски и Радмила Заревска (од лево кон десно) ќе учествуваат на трката на 21 километар/Фото Маја Јаневска-Илиева

Екипа вработени во дневниот весник „Нова Македонија“ ќе биде дел од „Скопскиот маратон“. Новинарките Антонија Поповска и Радмила Заревска, како и членот на техника Гоце Цветаноски, ќе учествуваат на утрешната трка. Тие ќе трчаат полумаратон. За Цветаноски ова ќе биде десетто учество на трката на 21 километар на „Скопскиот маратон“.

Рекордни над 12 илјади учесници од 58 држави се пријавени на петнаесеттиот „Визер скопски маратон“, што ќе се одржи утре (со почеток во 8.30 часот пред Собранието).