Дресел освојува медали и урива рекорди

72

Американецот Кејлеб Дресел (22) освои три златни медали во една вечер во рок од само два часа, на 50 метри слободно, на 100 метри пеперутка и на 4х100 метри мешано, или вкупно шест (плус едно сребро), на Светското првенство (СП) во Гванжу, Кореја.
На 100 метри пеперутка, во полуфиналето, тој делницата ја исплива за 49,50 секунди, побрзо за три стотинки од светскиот рекорд на Мајкл Фелпс од 2009 година.

Пред две години на СП во Будимпешта, Дресел освои седум златни медали, три во индивидуална конкуренција и четири во штафетните трки. Со тоа тој тогаш се израмни со Фелпс, кому тоа му успеа на СП 2007, а на ЛОИ 2008 во Пекинг освои осум злата. Претходно седум златни медали на едно големо натпреварување освои и легендарниот Марк Шпиц, на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 1972 во Минхен.
На ЛОИ 2016 во Рио, Дресел освои две злата, во штафетните трки 4х100 метри и 4х100 метри мешано.

Во Гванжу се случи и тежок инцидент кога при уривање на покривната конструкција во еден ноќен клуб загинаа две лица, а осуммина спортисти беа повредени.