Дејан Тодевски оствари подвиг непрекинато искачувајќи го Водно во текот на 24 часа

395

Планинарот Дејан Тодевски помина 83,7 километри, односно оствари висинско искачување од 9.585 метри, непрекинато трчајќи на Водно во текот на изминатите 24 часа.

Тодевски се движеше по патеката Цветкова од Средно Водно до Крстовар во текот на неговиот подвиг кој почна вчера во 16 часот. Временските услови и силниот дожд претставуваа пречка за Тодевски да ја постигне неговата цел од 10 илјади метри висинско искачување.

За остварување на подвигот во дисциплината позната како скајранер, планинарот од клубот „Македон“ имаше поддршка од неговите најблиски и од бројни спортски ентузијасти.

Деки заврши 24ч 9585д+ Околностите и силниот дожд ноќеска доволна причина да не ја фати 10.000ката Како и да е честитки за овој подвиг на Дејан Тодевски ⛰️⛰️🏃

Posted by Планинарски Клуб Македон on Сабота, 26 септември 2020