Дејан Недев освои злато на ЕШ во Романија

138

Дејан Недев освои златен медал во кати на ЕШ во Питешти, Романија, што е негова седма европска титула во неговата долга и богата кариера. Јадранка Недева исто така освои златен медал во кати кај сениорките, а Матеј Ангеловски освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите.

Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал. Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медали.

Натпреварите се уште се во тек, на кои треба да настапи Матеј Ангеловски во дисциплината кумите за сениори. На ЕШ во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји.