„Големата четворка“ не го фрустрира Дел Потро

89

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро истакна дека е горд што игра во период на „големата четворка“ и дека не го фрустрира тоа што Рафаел Надал, Роже Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј досега му препуштија само една гранслем-титула.

Дел Потро претпе пораз од Ѓоковиќ во неделата во финалето на „САД опен“, а најдобриот српски тенисер ја освои третата титула на овој турнир во кариерата.

– Да се игра во исто време со Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мареј претставува сериозен проблем за освојување на титули. Искрено не ме фрустрира „големата четворка“ што досега имам само една гранслем-титула. За мене е гордост да се натпреварувам со овие спортски легенди – истакна Дел Потро.

Аргентинскиот тенисер го освои еднинствениот гранслем-трофеј на „САД опен“ во 2009 година.