Година и на рекорди во Формула 1

124

Сезонава во Формула 1 беа поставени неколку рекорди, објави интернет-страницата на шампионатот во тој спорт. Така, Луис Хамилтон освои 413 поени, најмногу во една сезона од кој било возач. Ферари освои многу двојни пол-позиции и сега води за една повеќе (65) на вкупната листа. Валтери Ботас со бодовите од сезонава во кариерата освои 1.289 поени и тоа е најмногу од возачите без титула. На трката во Бразил првите тројца (Саинз, Гасли и Ферстапен) имаа просечна возраст од 23 години, осум месеци и 23 дена, што е нов рекорд во Ф1.