В недела „Јунски коњички турнир“ и првенство на Македонија

66

Коњичкиот клуб „Процес“ од Скопје, на мањежот на клубот во населбата Маџари во Скопје, в недела (10 часот) ќе ги одржи „Јунски коњички турнир“ и 2-то коло од Отвореното државно првенство на Македонија за 2019 година во прескокнување на пречки.

Според календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија, на програмата се натпревари во прескокнување на пречки и тоа во класа А, класа Б и натпревар на дебитанти, со висина на пречките од 0,90 до 1,15 метар.