Вуелта ќе се одржи комплетно и во предвидениот термин

36

Годинашната велосипедска грантур-трка, шпанската Вуелта, ќе се одржи како што е предвидено, со 21 етапа и покрај пандемијата на коронавирусот, вели директорот на трката Хавиер Гилен.
– Датумите за Вуелта остануваат такви какви што се и не размислуваме за трка пократка од закажаните 21 етапа – изјави Гилен за спортскиот весник АС.

Третата голема велосипедска трка во годината е предвидена да почне на 14 август во Утрехт (Холандија), а треба да заврши во Мадрид на 6 септември. Од другите две големи меѓународни трки, Тур де Франс е планирано да почне на 27 јуни, а Џиро д’Италија требаше да почне на 9 мај, но таа трка е одложена на неодредено време.