Врвни имиња од џудото ги споделија своите искуства на семинарот организиран од ЏФМ

7634
Македонските џудисти имааа прилика да ги слушнат искуствата на гостите од Србија

Претставниците од македонските џудо клубови имаа прилика да ги слушнат искуствата на истакнатите имиња на овој спорт, Србите Светозар Отиќ и Владан Гачиќ, на стручниот семинар за џудо тренери и џудо судии што се одржа викендов во Прилеп.

Интернационалниот судија Отиќ и тренерот и интернационален судија Гачиќ го водеа семинарот на кој учествуваа околу 50 спортски работници – тренери и судии од сите клубови кои се членки на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ).

Семинарот за обновување на лиценците за натпреварувачката 2020 година беше организиран од ЏФМ.

 

.