Во Пореч ќе се атакува на медали

95
Македонската џудо-експедиција во Пореч

На ЕП за џудисти од 19 до 21 година ќе настапат Резарт Хусени и Хамза Јашари, во категоријата до 66 кг, и Еди Шерифовски, во категоријата до 81 кг, предводени од селекторот Горан Мицкоски

ЏУДО – ЕВРОПСКО JУНИОРСКО ПРВЕНСТВО

Резарт Хусени и Хамза Јашари во категоријата до 66 кг и Еди Шерифовски до 81 кг се тројцата џудисти што ги бранат боите Македонија на Европското првенство (ЕП) за јуниори од 19 до 21 година, кое се одржува во хрватскиот град Пореч, предводени од селекторот Горан Мицкоски, а тим-менаџер за ковид-19 е Игор Паскоски. Македонските џудисти на вчерашната ждрепка требаше да ги добијат и своите противници (вчера доцна попладне требаше да настапат Хусеини и Јашари, а Шерифовски денеска), откако успешно ги поминаа задолжителните тестирањата на ковид-19 пред заминувањето од Македонија, но и по пристигнувањето во Хрватска.

– И покрај тоа што поради актуелната ситуација со коронавирусот нашите репрезентативци не се подготвуваа на татами туку во фитнес-сали и на отворено, сите се максимално подготвени да го дадат максимумот во оваа силна конкуренција натпреварувачи речиси од сите европски држави. Се надевам дека ќе се претстават во најдобро светло, односно ќе атакуваат на еден од медалите. Селектираните џудисти се всушност оние во кои е и најмногу вложувано изминатиов период. Во Пореч условите се извонредни, постојат посебни сали за загревање, тренинг и за натпреварување, но и сали за ковид-тестови, а атмосферата во репрезентацијата е на највисоко ниво – изјави од Пореч за „Нова Македонија“ селекторот Мицкоски.

На ЕП џудистите ќе се борат во седум тежински категории, од 60 кг до над 100 кг во машка и од 48 кг до над 78 кг во женска конкуренција. Се очекува да настапат над 410 натпреварувачи од 40 држави. Сите џудисти, тренери, судии и персонал околу татамите мора строго да се придржуваат кон пропишаните протоколи, односно треба да носат заштитни маски, освен натпреварувачите додека се на татамите за време на борбите.