Висок пласман на Спасеновски на Премиер-лигата во Дубаи

65
Петар Спасеновски

Македонскиот каратист во борби, Петар Спасеновски, во категоријата до 84 кг, го освои солидното 5-то место на престижната Премиер-лига, која викендов се одржа во Дубаи (ОАЕ). Тој во борбата за бронзениот медал загуби од претставникот на Франција Фарук Абделселем. Спасеновски ги победи Американецот Камран Мадани (4-3), Австриецот Робин Ретенбахер (1-0), Тајванецот Чун Веи Ву (7-1), но во полуфиналето загуби од Казахстанецот Данијар Јулдашев (0-6), кој моментно е на 12-то место, додека Спасеновски е на 153-то место на олимписката ранг-листа. Преостанатите македонски претставници испуштија можност за освојување повеќе поени значајни за крајното олимписко рангирање. Следениот турнир во Премиер-лигата е закажан во Салцбург (28 февруари – 1 март).