Вајлдер – Фјури, реванш за светската титула

156

Непоразените боксери Деонтај Вајлдер од САД и Тајсон Фјури од Велика Британија утре наутро повторно ќе водат битка во реваншот за титулата во тешка категорија во верзијата ВБЦ, во Лас Вегас (САД). Тие повторно ќе се соочат по речиси 15 месеци од контроверзното реми на дуелот во Лос Анџелес.

Титулата по 11-ти пат ја брани Вајлдер, а ако победи Фјури, четирите светски титули ќе бидат во сопственост на британски боксери, откако во верзиите ИБФ, ВБА и ВБО светски првак во тешка категорија е Ентони Џошуа, пишува Би-би-си.