Ватерполото влезе во семејството ВАР

56

Белград е подготвен за финалниот турнир во Светската лига во ватерполо, на кој победникот ќе обезбеди олимписка виза, но, турнирот ќе биде историски по тоа што на него првпат ќе се користи технологијата видеопомошник-судија (ВАР), како онаа во фудбалот, кошарката, хокејот, одбојката…

Како што истакна на официјалната конференција високиот функционер на ФИНА, Марк Коганов, прекрасно ќе биде тоа што ќе се користи оваа технологија.
– Освен што на победникот ќе му се додели виза за настап на ЛОИ во Токио во 2020 година, наградниот фонд е зголемен и изнесува 350.000 долари. Исто така, првпат во историјата на ватерполото ќе се користи ВАР, при што со помош на видеоснимки ќе се решава секоја сомнителна ситуација околу тоа дали е постигнат гол. Ќе се увериме како ќе функционира тој нов систем, оти желбата е овој систем да се користи и на Светското првенство во Кореја – вели Коганов.

На турнирот ќе настапат Унгарија, Јапонија, Канада и Шпанија (група А), Австралија, Хрватска, Казахстан и Србија (група Б).