ВАДА ја суспендира Русија

37

Светска антидопинг-агенција (ВАДА) изрече суспензија за спортистите од Русија, кои во следните четири години не ќе можат да се натпреваруваат на големи натпреварувања под знамето на својата држава. Така, Русија повторно на едни олимписки игри, сега во Токио в годинa, ќе биде без знаме. Оваа одлука не се однесува на Европското првенство во фудбал (Русија е еден од домаќините). Од Русија веќе е најавена жалба на оваа одлука. ВАДА ја донела одлуката едногласно на состанок во Лозана и со неа практично ја продолжи поранешната суспензија, од 2015 година. Претходно 168 спортисти од Русија се натпреваруваа под неутрално знаме на Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг.