Бубка: Дуплантис може да прескокне 6,25 метри

103

АТЛЕТИКА

Великанот во скок со стап, украинскиот атлетичар Сергеј Бубка (56), го поддржа Арманд Дуплантис да го урне сопствениот светски рекорд, кој моментно изнесува 6,18 м. Швеѓанецот Дуплантис (20) во февруари годинава постави светски рекорд од 6,18 м, а минатата недела го надмина рекордот на Бубка (6,15 м) поставен во 1994-та за највисок скок на отворено на сите времиња.
– Да прескокне 6,20 или 6,25 метри? За мене, тој е подготвен тоа да го стори и денес. Тој е неверојатен спортист, кој внесува свеж дух во дисциплината скок со стап – изјави за „Би-би-си“ Бубка, кој го поправаше светскиот рекорд повеќе од 30 пати во својата кариера.