Брејкденс на ЛОИ 2024?

51

Организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година најавија дека е предложено брејкденсот да биде вклучен во програмата на ЛОИ. Конечната одлука дали и официјално ќе стане олимписки спорт ќе биде донесена во октомври, од страна на Интернационалниот олимписки комитет.

Брејкденсот како натпреварувачка дисциплина дебитира на Младинските летни олимписки игри лани во Буенос Аирес.

Организаторите на ЛОИ 2024 ги предложиле и спортското качување, скејтбордингот и сурфањето, кои ќе дебитираат на ЛОИ 2020 во Токио, а сквошот, шахот и билјардот не добија зелено светло за членство во олимпиското друштво.

– Вклучувањето нови спортови ќе ги направи олимписките игри поурбани, поприродни и поуметнички – изјави Тони Естанге, шефот на Организацискиот одбор на ЛОИ 2024 и трикратен олимписки првак во кану.

Младински олимписки прваци во брејкденс од Игрите во Буенос Аирес беа Русинот Сергеј Чернишев и Јапонката Раму Каваи. Та.Д.