Болт би можел да ѝ се врати на атлетиката?

44

Неизбежно прашање во секое интервју на 33-годишниот Болт е дали е можно негово враќање на патеката. Одговорот секогаш бил ист, дека нема такви планови, но во најновото интервју за „Вараети“ тој рече дека е можно да се врати доколку го повика неговиот тренер Глен Милс

Ако мојот тренер Глен Милс ме повика и ми каже „ајде да го сториме тоа“, така и ќе биде, затоа што имам многу голема доверба во него. Кога тој ќе каже нешто, знам дека е можно. Ако Глен побара, јас ќе се вратам, изјави светскиот рекордер на 100 метри, 200 метри и како член на штафетната атлетска трка на четири пати по 100 метри, Усеин Болт од Јамајка, во интервју за неделникот „Вараети“.
По Светското првенство во Лондон во 2017 година, Болт ја напушти атлетската патека и замина во пензија. Но и покрај тоа што веќе не е активен спортист, тој е една од најголемите спортски ѕвезди.
Иако во меѓувреме во неколку наврати се обиде да го смени спортот, на Болт, сепак, му недостига кралицата на спортовите, но и нејзе ѝ недостигаат неговата енергија, неговото шоу, широката насмевка и пред сѐ неговата спектакуларна брзина, која му донесе осум олимписки злата, 11 победи на мундијалите, многу светски рекорди и го направи еден од најголемите спортисти во атлетската историја.

Неизбежно прашање во секое интервју на 33-годишниот Болт е дали е можно негово враќање на атлетската патека. Одговорот секогаш бил ист, а тоа е дека нема такви планови, но во најновото интервју за „Вараети“ тој рече дека е можно да се врати доколку го повика неговиот тренер, во кого има голема доверба.
– Тренерот многу се возбудува кога некогаш ќе појдам на патеката и затоа сметам дека е подобро да се држам подалеку од неа – изјави Болт во видеоинтервјуто за „Вараети“.
Во меѓувреме Болт стана татко на малата Олимпија Лајтнинг и призна дека родителството е многу потешко од соборувањето светски рекорди.

За време на пензионерските денови и изолацијата поради коронавирусот Болт се вљубил во велосипедизмот како спорт, така што секој викенд вози сериозни тури со своите пријатели.
– Возењето велосипед е навистина брутално и во себе открив голема почит кон велосипедистите. Кога ги гледате на Тур де Франс, сѐ се чини толку лесно, но воопшто не е – вели Болт.