12 C
Skopje
20.9.2018 - 5:14

АМС ќе му додели 100 илјади денари и стипендија на Марко Пејчиновски

81

На иницијатива на директорот Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука да му додели на Марко Пејчиновски еднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“.

– За подвигот што го направи Марко Пејчиновски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС побарав од Советот да му се додели еднократна парична помош од 100 илјaди денари и секако да биде вметнат во стипендиите „Спортска надеж“ за што имаме дискреционо право дополнително да предложиме. Марко јасно ни покажува за каков талент се работи и какви резултати може да очекуваме од него во иднина доколку се работи правилно на неговиот раст и развој – изјави Каевски.

Тој соопшти дека АМС се обврза да направи стручен тим кој што ќе направи програма за развој и подобрување на спортските услови за Пејчиновски во иднина да прерасне во успешен спортист.