Алонсо во Ф1, трките на издржливост или во Наскар

81

АВТОМОБИЛИЗАМ

Формула 1 нема да го види Фернандо Алонсо годинава, откако ќе почне сезонава, а шпанскиот ас најави дека следниот негов предизвик ќе биде Ф1, трките на издржливост или Индикар, пренесе шпанскиот дневен спортски весник „Марка“ на својата интернет-страница. Алонсо (38), кој не е дел од трките во Ф1 по сезоната во 2018 година, е двократен светски првак во Ф1 (2005 и 2006 година), има титула и во трките на издржливост (2019), а настапувал и во Индикар-серијата.

– Мојот следен предизвик на највисоко ниво ќе биде мотоспортот, Формула 1, трките на издржливост или Индикар-натпреварувањето. Потрагата по предизвиците е нешто за што размислувам од крајот на 2019 година, кога и донесов одлука да се натпреварувам во релито Дакар, искуство што ќе го повторам и во иднина. Полн сум со мотивација. Фокусиран сум за највисоко ниво на мотоспортот – рекол Алонсо во говорот на универзитетот „Реал Мадрид“, пренесе „Марка“.