Селекцијата на Шведска одново е Европски првак, откако во супер драматичен и изедначен натпревар со гол од седум метри на Нилкас Екберг во последната секунда го симна од тронот актуелниот двократен првак Шпанија со 27-26 (12-13).

Со овој триумф Шведска ги израмни сметките со Шпанија која со 29-23 славеше во финалето на ЕП 2018 во Хрватска.

За Швеѓаните ова е рекордна петта титула на европските шампионати, а прва по пауза од 20 години. Последен пат скандинавците триумфираа на ЕП 2002 година кога ја имаа улогата на домаќини, златни беа и на шампионатите во 2000 во Хрватска и 1998 во Италија а првото европско злато го освоија на првото ЕП 1994 година што се играше во Португалија.

Најзаслужен за триумфот на шведскиот состав беше голманот Андреас Паличка, кој во вистинско време, на вистинско место беше во 11 наврати. Најефикасни во редовите на Шведска со по шест гола беа крилата Никлас Екберг и Хампус Ване, додека пак во редовите на Шпанија улогата на најдобар стртелец ја имаше Алекс Гомез со осум реализации.

Во малото финале за трето место, во изедначен и неизвесен меч и продолженија (2х5 мин) триумгираше селекцијата на Данска во дуелот со Франција (35-32)