Фото: Шкупи (инстаграм)

Шкупи е нов шампион во Првата македонска фудбалска лига. По повеќе од две децении трофејот се враќа во скопската населба Чаир, од времето кога Слога Југомагнат доминираше во македонскиот фудбал.

На четири кола пред крајот на македонското првенство Шкупи си го обезбеди местото на тронот, бидејќи по денешната победа над Ренова со 2-0 во 29. коло има недостижна предност во однос на конкурентите за највисок пласман.

Во историјата на домашното првенство Шкупи е девета екипа која успеала да го освои шампионскиот трофеј. Претходно тоа им успеа на Вардар, Силекс, Слога, Македонија ЃП, Шкендија, Ренова, Победа и Работнички.

Резултати на денешните натпревари во ПМФЛ:
Шкендија – Македонија ЃП 3-1
Шкупи – Ренова 2-0
Струга – Пелистер 4-0
Тиквеш – Борец 5-0.

Вчера:
Академија Пандев – Брегалница 2-1
Работнички – Скопје 0-1.

Табела: Шкупи 71 бод, Академија Пандев 58, Шкендија 56, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Струга 39, Ренова 38, Работнички 37, Тиквеш 30, Скопје 29, Борец 18, Пелистер 10.