Фото: Перез (инстаграм)

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи на седмата трка од шампионатот во Формула 1, возена попладнево за Големата награда на Монако.

Шпанецот од Ферари, Карлос Саинц го освои второто место, додека Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, кој е актуелен светски шампион од Ред Бул, заврши на третото место.

Бодови освоија уште и: Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен), Фернандо Алонсо (Алпин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Валтери Ботас  (Алпин) и Себастијан Фетел (Астон Мартин).

Трката во Монако во повеќе наврати беше прекинувана поради излетувања на болиди како последица на лизгавата патека од дождот.

Во Генералниот пласман лидер е Верстапен со 125 бодови, Леклер има 116, трет е Перез со 110.

Кај конструкторите Ред Бул е прв со 235 бода, Ферари има 199, Мерцедс 134