Фото: Приватна архива

Томислав Јотовски и Горазд Србљак се единствените двајца македонски тенисери кои се пласираа на главниот турнир во Софија, што се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Јотовски мина три кола од квалификациите и единствен од петмината македонски тенисери на тој начин избори учество на турнирот, а Србљак се пласираше дирелтно на турнирот, благодарение на ренкингот.

Во првото коло Јотовски ќе игра со домашниот тенисер Виктор Марков, кој игра со посебна покана на организаторот, а Србљак ќе се сретне со Турчинот Тунџај Дуран, кој се пласираше како квалификант.