Фото: МИА

Откакo на руските и белоруските натпреварувачи им беше забрането учеството на Зимските параолимписки игри, кои вчера официјално беа отворени во Пекинг, агенцијата ТАСС објави денеска дека Русија ќе организира свое натпреварување за спортисти со инвалидитет.

Агенцијата, повикувајќи се на анонимен руски извор, наведе дека руските и белоруските параолимпјци ќе се натпреваруваат во Сочи, градот кој беше домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година.

– Натпреварувањата на кои ќе учествуваат руски и белоруски спортисти ќе се одржат на олимписките објекти во Сочи. Се разговара за датумите и дисциплините – рекол изворот на руската агенција.

Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) првично им дозволи на Русија и Белорусија да настапат на Игрите во Пекинг за спортисти со инвалидитет, но само 24 часа подоцна ја промени одлуката.