Металург, Еурофарм Пелистер и Вардар остварија убедливи победи во денешните натпревари на струшкиот ракометен турнир.

Металург беше подобар од Струга со 35-24, Еурофарм Пелистер го совлада Прилеп со 38-17, а Вардар очекувано го доби Еурофарм Пелистер 2 со 33-19.

Утре играат Охрид – Еурофарм Пелистер 2 (17.15 ч.), Струга – Еурофарм Пелистер (19.15) и Вардар – Бутел (21.15). Натпреварите за пласман и финалето се закажани за недела.