Ракометарките на Куманово на домашен терен  во 9 – то коло  од женската ракометна супер лига   ја совладаа екипата на ЖРК Деспина  од Прилеп  со  43:14 (22:7)  со што досега  во 8-те  одиграни натпревари ја  постигнаа и својата осма последователна победа    

Ракометарките на Куманово  на натпреварот во целост ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит и забележија уште една висока и убедлива победа со 43:14, овој пат против екипата на ЖРК Деспина од Прилеп. Домашните ракометарки со оглед на квалитетот со кој што во моментот располага екипата на ЖРК куманово во текот на целиот натпревар имаа контрола врз играта иврз резултатот па на кроајт сосема заслужено стигнаа до уште една убедлива победа.

Најефикасни ракометарки на натпреварот во победничката екипа на Куманово беа Мила Трајковиќ со  9  и  Александра Боризовска   со 7 голови  додека пак кај гостинската  екипа на ЖРК Деспина, Мери Конеска со   5  и Елена Рипилоска и Сашка Филипоска  со по 3  постигнати голови.

Во наредното 10 коло екипата на ЖРК Куманово на гостински терен ја очекува уште  едно  тешко гостувања оваа есен бидејки силите ке ги одмери со еден од директните конкуренти за есенската титула,  екипата на  на ЖРК Вардар  во Скопје.

Т.Д.