Металург ја оствари првата победа на ракометниот турнир во Струга, убедливо совладувајќи го Прилеп со 33-24 (13:11), што е и највисока победа на една екипа во досегашниот тек на турнирот.

Екипата од Автокоманда стекна предност од девет гола (23-14) во второто полувреме, благодарение на квалитетното издание на младите ракометари, Мице Шилегов, Дарко Кондев, Михајло Младеновиќ и Стефан Додиќ кои заедно постигнаа вкупно 20 погодоци. Голманот Даниел Ѓорѓески забележа 16 одбрани, меѓу кои два седмерци.

Бутел исто така ја оствари првата победа на турнирот, откако беше подобар од Еурофарм Пелистер 2 со 21-17, додека Вардар беше сигурен против Охрид славејќи со 27-22.

Утре се среќаваат Металург – Струга (17.15 ч.), Еурофарм Пелистер – Прилеп (19.15) и Вардар – Еурофарм Пелистер 2 (21.15).