фотографии: Маја Јаневска Илиева

Ракометарите на Металург по голема борба го совладаа швајцарски Кринс Луцерн со 26-24, во првиот дуел од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа, одигран вечерва во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје (без публика).

Македонскиот претставник имаше водство и иницијатива од почетокот на мечот, но упорните гости не му дозволуваа да оствари поголема предност од два гола. Ривалот успеа и да направи пресврт во вториот дел, но екипата од Автокоманда дојде до триумф со серијата од четири погодоци и цврстата игра во одбрана во последните 15 минути.

Најефикасни кај Металург беше Марко Тарабокија и Златко Хорват со по осум гола, додека кај гостите се истакнаа Јернеј Папеж со шест и Левин Ванер со пет погодоци.

Реваншот е по седум дена во Цирих. Победникот од двомечот ќе игра во групната фаза од новоформираната Лига на Европа.