Ракометарите на Металург од пред два дена се на подготовки во Франција, а вечерва ќе го имаат првиот тест-натпревар.

На силниот меѓународен ракометен турнир во Гренобл, Металург во 18.30 ќе се сретне со домаќинот, а во вториот меч, два часа подоцна, играат со вториот француски претставник Истр и шпанската екипа Ирун Бидасоа. Утре поразените ќе играат за третото место, а победниците за трофејот не турнирот.

Тренерот на Металург, Данило Брестовац, смета дека екипата е подготвена да одговори на предизвикот, независно што во изминатиов период играчите имаа мала пауза, а тројца клучни играчи се на Светското првенство. Сепак ова е убава шанса за докажување за младите играчи од Автокоманда и тие ќе треба да ја искористат.
Синоќа го имаа првиот тренинг во салата каде што се игра турнирот, а денес претпладне е и вториот тренинг.