Фото: Маја Јаневска-Илиева

РАКОМЕТ

Селекторот Лазаров повика млади ракометари што настапуваат во домашното првенство за мечевите со селекцијата на Србија во Ниш викендов

Селекторот и капитен Кирил Лазаров денеска во Скопје на прв собир ќе ја има Б-репрезентацијата на Македонија во ракомет, која в сабота (18 часот) и в недела (16 ч.) во Ниш треба да одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Србија. Лазаров повика млади ракометари што настапуваат во домашното првенство, кои досега најчесто биле само на поширок список или добивале мала минутажа во сениорската репрезентација.

Шестмина има од редовите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, петмина од Голден Арт КЛ-7, четворица од Вардар, по двајца од Металург и од Охрид и по еден од Тиквеш, Бутел и од Струга. Со оглед на тоа што македонската сениорска репрезентација нема официјални натпревари ова лето, тестовите со Србија ќе бидат одлична можност за селекторот Лазаров да ги согледа квалитетите и потенцијалите на идните репрезентативци.

Состав: Голмани: Марко Кизиќ (Вардар), Даниел Ѓорѓески (Металург), Андреј Петковски (Голден Арг КЛ7). Крила: Цветан Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Дарко Кондев (Тиквеш 2014), Иван Димитровски (Еурофарм Пелистер 2), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Никола Стоилевски (Еурофарм Пелистер 2). Бекови: Михајло Младеновиќ (Охрид), Дејан Кукуловски (Еурофарм Пелистер), Емилијан Ѓорѓовски (Голден Арт КЛ7), Мартин Манасков (Охрид), Мартин Серафимов (Металург), Томислав Јагуриновски (Вардар), Давид Савревски (Работнички), Игор Георгиев (Голден Арт КЛ7), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2), Марко Мишевски (Вардар), Марко Митев (Бутел), Христијан Крстаноски (Струга). Пикери: Кристијан Симоновски (Голден Арт КЛ7), Марко Стојковиќ (Голден Арт КЛ7), Стефан Атанасовски (Вардар).