Атрактивната акција завршена со цепелин помеѓу македонските ракометари Гоце Георгиевски и Филип Кузмановски, без сомнение беше најубавиот гол на денешниот меч со Словенија (25-27), во рамките на групата А од Европското првенство. Македонија го постигна погодокот на почетокот на второто полувреме.