Европскиот и светски првак дома ја победи Црна Гора со 40-23

РАКОМЕТ – ЕВРОКУП, 4. КОЛО

Ракометарките на европскиот и светски првак Норвешка не дозволија изненадување и убедливо славеа на свој терен, на мечот со Црна Гора, со 40-23 (17-11) во Еврокупот. За Норвешка ова е четврта победа, а за Црногорките, кои настапија без Јованка Радичевиќ и без Милена Раичевиќ, тоа е втор пораз. Норвешка првпат стигна до двоцифрена предност во 35-та минута (22-12).
Во првиот дуел, игран во Подгорица, Црногорките дадоа посилен отпор, загубија со 27-32. Последните два натпревара во годинашниот Еврокуп, Црна Гора ќе ги игра на 21 и на 24 април со Словенија, прво во Љубљана, а потоа во Подгорица.
Македонија вчера во Скопје требаше да го игра четвртиот натпревар, возвратниот со Словенија, во Скопје, по поразот во Целје со 28-29. Во годинашното издание на Еврокупот, учесници се трите домаќини на Европското првенство годинава, Македонија, Црна Гора и Словенија, како и актуелниот европски и светски шампион, Норвешка.


ЕВРОКУП 2022

Норвешка – Црна Гора 40-23
Македонија – Словенија синоќа

ТАБЕЛА
Норвешка 4 4 0 0 8
Црна Гора 4 2 0 2 4
Словенија 3 1 0 2 2
Македонија 3 0 0 3 0

Идно коло (21 април): Македонија – Норвешка, Словенија – Црна Гора.