Фото: Игор Бансколиев

Сите ракометари и стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија добија негативни тестови и непречено ги продолжуваат подготовките за Европското првенство кое се игра во Унгарија и во Словачка од 13 јануари.

Тие вечерва ги добија резултатите од задолжителното тестирање за ковид-19, а до заминувањето во унгарски Дебрецин ги очекува уште едно тестирање в понеделник, според прописите на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Патувањето на националната селекција за Унгарија е предвидено за вторник.

Македонија на ЕП ќе игра во групата А заедно со актуелниот светски првак Данска, Словенија и со Црна Гора.