Фото: Фејсбук/РФМ

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов денес се сретна со македонската кадетска репрезентација која завчера го освои ЕХФ шампионатот што се играше во Летонија.

Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.

Мукаетов им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот штаб, и на сите што дадоа придонес за овој резултат.

Воедно, првиот човек на македонскиот ракомет посочи дека репрезентацијата ќе биде наградена со 700.000 денари, откако одлуката за премијата ќе помина на Управен одбор. Мукаетов уште еднаш покажа дека знае да ги цени успесите на македонските ракометари и дека не се случајни резултатите на репрезентациите во сите категории на кои РФМ им овозможува идеални услови за тренинзи и подготовки.