Фото: Твитер/РК Барселона

Алеиш Гомез со 12 гола ја предводеше Барселона до победа над Кил од 34-30, со која актуелниот европски првак се избори за ново финале во ракометната Лига на шампионите (ЛШ), на завршниот турнир што се игра во Келн.

Барселона ќе се бори за нејзиниот 11-ти трофеј во ЛШ против европскиот првак од 2016 година, Кјелце, кој беше подобар од Веспрем со 37-35 во првото полуфинале.

Аркадијуш Морито беше најпрецизен кај Кјелце со осум гола во триумфот, додека Игор Карачиќ постигна пет погодока.

Барселона и Кјелце ќе се соочат во утрешното финале што почнува од 18 часот.