Фото: Фејсбук/Кирил Лазаров 7

Нант му укажа голема чест на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во неговиот последен меч пред тамошната публика, одигран денеска против Тулуз (32-18) во 30-то коло од француското првенство.

Лазаров со круна на главата седна на специјално подготвен престол, а круни имаа и навивачите на трибините, при што легендарниот бек беше поздравен со овации.

Лазаров, кој денеска постигна три гола, ќе ја заврши професионалната играчка кариера во финалето на Купот на Франција против ПСЖ, кое се игра в сабота.