Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија оствари убедлива победа над Романија од 30-22, во првиот меч од полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година, одигран вечерва во Скопје.

Избраниците на Кирил Лазаров имаа предност во текот на целиот меч, со што стигнаа до убедливиот триумф со серија од 9-2 во завршницата од дуелот.

Најефикасен кај Македонија беше Филип Талески со 10 гола, додека по седум постигнаа Лазаров и Филип Кузмановски.

Реваншот во Романија се игра в сабота. Подобриот од овој дуел ќе се сретне со Чешка во финалето на баражот за пласман на СП.