Фото: РФМ

Полека ни се разјаснува сликата на кого ќе сметаме во иднина, а ние во стручниот штаб треба од сето видено да ги најдеме тие 16-20 ракометари кои би ѝ служеле на Македонија во наредните десетина години, кажа селекторот Кирил Лазаров по вечерашниот пораз од Данска (21-31) со кој македонската репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Унгарија и во Словачка.

– Ова ЕП ќе го сфатиме како едно позитивно искуство кое треба да ни користи. Одиме понатаму, треба добро да се анализира и да се одбере тимот за следните големи предизвици – посочи Лазаров, додавајќи дека младите кои треба да бидат иднина на репрезентацијата добија одредена минутажа.

Искусниот бек Филип Миркуловски најави дека ќе игра во баражот за Светското првенство в година, во, како што истакна, неговата последна сезона во кариерата.