Со вто­ра­та тест-сред­ба и по­бе­да со 22-21 (11-12) про­тив Ку­вајт, ма­ке­дон­ска­та ма­шка ра­ко­мет­на ре­пре­зен­та­ци­ја го за­вр­шува пр­ви­от дел од под­го­то­вки­те, кои се одр­жаа во Ма­вро­во. Пред на­ста­пот на Европ­ско­то пр­венс­тво (ЕП) во Ун­га­ри­ја и во Сло­вач­ка (13-30 ја­ну­а­ри), под­го­то­вки­те ќе про­дол­жат во Скоп­је, ка­де што се за­ка­жа­ни и два но­ви при­ја­тел­ски ме­ча, со Изра­ел, на 3 и 4 ја­ну­а­ри во СЦ „Бо­рис Трај­ков­ски“. Во пр­ви­от нат­пре­вар со Ку­вајт, Ма­ке­до­ни­ја славеше со 31-21.

– Мис­лам де­ка ре­зул­та­тот од пр­ви­от нат­пре­вар не бе­ше ре­а­лен. Ку­вајт е до­бро истре­ни­ра­на ре­пре­зен­та­ци­ја, пред­во­де­на од стра­тег ка­ко што е Бо­рис Де­ниќ, кој по­долг пер­и­од ве­ќе ра­бо­ти та­му. Ние тре­ни­рав­ме ма­кси­мал­но на­пор­но и пред и на де­нот на вто­ри­от нат­пре­ва­р. За на­ши­те мла­ди игра­чи овој ду­ел бе­ше ед­но го­ле­мо искус­тво. Се со­о­чу­ва­ме со проб­ле­ми, со по­вре­де­ни игра­чи и се на­де­вам де­ка ќе за­креп­нат што по­бр­зо. За­до­во­лен сум од втората по­бе­да­, но и да бе­ше по­и­на­ку не­ма­ше да оча­ју­ва­ме. Имам јас­на вкуп­на сли­ка. Важ­но е игра­чи­те да би­дат фо­ку­си­ра­ни до са­ми­от крај, а по­зи­тив­на ра­бо­та е што по­ка­жаа ка­ра­ктер. По­бед­ни­кот не се зна­е­ше до пос­лед­на­та се­кун­да. Ви­дов­ме ка­ко ре­а­ги­ра­ат не­кои игра­чи во не­из­вес­ни за­врш­ни­ци. Има­ме вре­ме да ко­ри­ги­ра­ме мно­гу ра­бо­ти по но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци – ве­ли се­ле­кто­рот и ка­пи­тен Ки­рил Ла­за­ров.
 

Ла­за­ров не го кри­е­ше за­до­волс­тво­то од под­го­то­вките во Маврово и што од не­де­ла ре­пре­зен­та­ци­ја­та ќе би­де комп­лет­на.

– За­до­во­лен сум од тоа ка­ко мом­ци­те ги одра­бо­ти­ја под­го­то­вки­те во Ма­вро­во. Го­ле­ма бла­го­дар­ност до Фи­лип Мир­ку­лов­ски, Жар­ко Пе­шев­ски и до Фи­лип Куз­ма­нов­ски, кои ни се прик­лу­чи­ја вед­наш по за­вр­шу­ва­ње­то на нив­ни­те клуп­ски об­вр­ски. По не­кое не­пи­ша­но пра­ви­ло зас­лу­жу­ва­ат од­мор ба­рем до 2 ја­ну­а­ри и тоа са­мо по­ка­жу­ва кол­ку се под­го­тве­ни да се жр­тву­ва­ат за ма­ке­дон­ски­от дрес – ре­че Ла­за­ров.

И во вто­ри­от меч со Ку­вајт на­ста­пи­ја исти­те ма­ке­дон­ски ра­ко­ме­та­ри ка­ко и во пр­ви­от, плус гол­ма­нот Ни­ко­ла Ми­трев­ски, кој има­ше шест од­бра­ни. На­је­фи­кас­ни во ма­ке­дон­ски­те ре­до­ви беа Игор Ѓор­ѓи­ев со шест го­ла и Не­над Ко­сте­ски и Бо­јан Ма­џов­ски, кои ре­а­ли­зи­раа по че­ти­ри по­го­до­ци. Мар­тин То­мов­ски има­ше осум голмански ин­тер­вен­ции.
 
На ЕП 2022, Ма­ке­до­ни­ја е во гру­па­та А. Цр­ве­но-жол­ти­те пр­во ќе игра­ат со Сло­ве­ни­ја на 13 ја­ну­а­ри, два де­на по­доц­на со Цр­на Го­ра, а на 17 ја­ну­а­ри со свет­ски­от пр­вак Дан­ска. Пр­ви­те две ре­пре­зен­та­ции од се­ко­ја од ше­сте гру­пи ќе се пла­си­ра­ат во вто­ра­та груп­на фа­за. 
 
Г.И.