Момент од мечот Пролет - Вардар/Фото: Маја Јаневска-Илиева

Војводина и Нексе се издвоија со максимален учинок во пресрет на утрешните решавачки натпревари на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ (за ракометари родени 2004 година и помлади), што се игра во истоимениот спортски центар во Скопје. Гостите од Србија и Хрватска имаат по две победи, со што утре ги очекуваат завршните дуели од групата фаза.

Во денешните средби, Нексе го совлада Голден Арт со 34-30, Алкалоид славеше против Еурофарм Пелистер во најнеизвесниот досегашен дуел на турнирот со 31-30, додека Војводина беше убедлива против Вардар со 41-26, а Бутел го победи Пролет со 36-32.

Марко Божиновски

На утрешниот, завршен ден од турнирот закажани се последните дуели од групната фаза во кои Пролет ќе се сретне со Војводина (од 9 часот), а потоа и Нексе со Алкалоид (од 10.30 ч.), по што ќе следат и мечевите за пласман. Натпреварот за 7-мо место (А4 – Б4) се игра 13 часот,  за 5-то место (А3 – Б3) од 14.30 часот, за 3-то место (А2 – Б2) од 16 часот, додека финалето е закажано од 18 часот.

Церемонијата на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турниот, проследени со мала забава со ди-џеј на теренот на СЦ „Марко Божиновски“ ќе се одржи утре од 20.30 часот.

Група А
Војводина 2-0
Пролет 1-1
Вардар 1-2
Бутел 1-2

Група Б
Нексе 2-0
Голден Арт 2-1
Алкалоид 1-1
Еурофарм Пелистер 0-3